Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, на 7 мај наредната година ќе ја посети Република Македонија, соопшти денеска владината прес-служба.

Неговата светост папата Франциск, прифаќајќи ја поканата на највисоките власти на државата и на Католичката црква, ќе оствари апостолско патување во Република Македонија, на 7 мај 2019 година, при што ќе го посети Скопје – родниот град на света Мајка Тереза, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата.

Пред Македонија, папата Франциск од 5 до 7 мај ќе престојува во Бугарија каде што ќе ги посети градовите Софија и Раковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.