Папата Франциск при утрешната посета на земјава се очекува да се вози низ скопските улици во специјалното возило наречено папамобил. Тоа најчесто се користи при посетите на папата во странство, бидејќи низ Ватикан ретко патува.

Специјалниот автомобил „папамобил“ почнува да се користи од 1929 година кога било дизајнирано првото специјално возило за папата. Станува збор за отворено возило со специјален стаклен дел во кој е поставена кралска столица на која седи папата и им отпоздравува на собраните верници кои се присутни на улиците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.