Микробиологот д-р Никола Пановски препорачува во скопските општини Чаир, Сарај, Гази Баба и Бутел, каде што има најмногу заболени од коронавирус, да се стават во карантин.

Ако не цела држава, тогаш тие општини каде има најмногу заразени треба да бидат во карантин, вели Пановски.

За „Фокус“ Пановски вели дека се избрзало со олабавување на мерките против ширење на ковид-19 бидејќи бројките на заразени и починати сега и бројките од 22 април се исти, само што тогаш имаше полициски час од 16 часот.

Факт е дека имаме големи бројки и немаше потреба од такво нагло олабавување на мерките. Знам дека се спремаат за избори и дека полека се спрема терен, но тоа не е решение ако ти секојдневно имаш толку заразени и починати. Ако сакаме да бидеме како Шведска, требаше од прв момент да не воведуваме никакви мерки и да си тераме така. А, не во еден момент на истите бројки некои имаа по два саати право да излезат, а сега се нормално функционира, вели Пановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.