Јас сум сосема разочаран и збунет, немам никакво објаснување. Гледам дека граѓаните бараат да се прскаат улиците стопати, нема вирусолог што ќе каже дека овој вирус се шири со улична прашина. Нема шанси така да се шири вирусот. Меѓутоа тоа влијае кај народот. Народот сака да биде лажен, посочи Никола Пановски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ каде што ја и коментираше одлуката за носење на маски на отворено.

Пановски додава дека тие што ги почитуваа мерките досега уште повеќе ќе страдаат со оваа мерка. Мерката за носење на маска надвор нема никаков ефект и да се почитува. Оваа мерка може граѓаните да ги натера да се собираат внатре што ќе доведе до повеќе заразување на граѓаните, очигледно е уште на самиот старт дека мерката ќе има контра ефект.

Мерката за носење на маска на отворено нема да има ефект, ќе ги збуни само дополнително граѓаните и ќе ги малтретира, нагласи Пановски.

Пановски истакна дека нема да се најде човек кој што се заразил надвор на отворено од улична прашина.

Мерката е сосема нејасна, јас лично еве како стручно лице не ја разбирам. Не знам како оваа мерка да ја почитувам. Според меркава иако сум сам во канцеларијата јас морам маска да носам. Вчера го прашав министерот зошто не носи маска, тој ми одговара дека зборува. Јас не наидов во новите мерки дека ако некој зборува не треба да носи маска, нагласи Пановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.