Микробиологот д-р Никола Пановски добил понуда да биде градоначалник, но ја одбил, изјави тој за порталот„Локално“.

Едноставно, за таа функција немам ниту искуство ниту знаење, а според тоа, разбирливо, ниту волја да ја работам, вели Пановски, кој е дел од новото граѓанско движење на центарот кое пред неколку дена го промовираа партиите ЛДП и ДОМ.

Според него, стручноста, одговорноста, културата на дијалог, љубовта место омраза, се шанса за да се спаси државата од погубниот антагонизам меѓу двете најголеми партии кои,како што вели, земјава ја носат во амбис.

Целата ми е да помогнам ова движење да освои релевантен број на гласови на локалните избори, што поголем број на советници во советети, кои ќе имаат моќ да носат одлуки во интерес на граѓаните, и да спречат носење на урбанистички планови кои се спротивни на здравото и пристојно живеење на граѓаните, објаснува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.