Универзитетскиот професор д-р Никола Пановски во „Топ Тема“ на Телма истакна дека вакво покачување или таканаречен втор бран се очекувал во ноември, а не сега, но како што рече грешката се случи во наглото олабавување на мерките и сега се нема контрола.

Тогаш мерките беа престроги, а некои и нелогични да не те пуштаат да шеташ во парк или на Водно, а на плажа имаше илјадници. Наместо да се пуштат постепено мерките, а да се задржат до некаде, нагло се пуштија. Се гледа дека кривата има експоненцијален раст. Одеднаш се изгуби контролата и сега веќе 2-3 месец нема контрола. Сега навистина се е оставени на граѓаните и нивната свест – вели Пановски.

Тој додаде дека потребна е едукација, треба луѓе кои имаат авторитет секојдневно да кажуваат како да се заштитиме од респираторни болести воопшто бидејќи тоа ќе биде терет за општеството, дали ќе биде грип, настинка или Ковид. Треба да се тестира, хоспитализира, а сето тоа чини пари и време.

Матичните лекари ќе не можат и на телефон да одговорат ако биде како што било лани. Лани некои што немале грип не се јавиле кај лекар, сега со Ковидот на секоја настинка ќе се јавуваат, а децата во нормални години имаа 10 пати настинка, а возрасните 2-3 пати – рече Пановски.

Тој изјави дека сега наместо да се вложува во прочистувачи на воздух и ултравиолетови зрачење се дезинфицираат школите, а 6 месеци немало никој внатре и немало кој да го донесе вирусот.

Во однос на тоа што следи, Пановски не гледа добро сценарио и потенцира дека потребни се мерки затоа што сега стартот е 150 наместо 30 како на почетокот на летото.

Ако пред летото имавме старт со 10 или 30 дневно, сега имаме старт со 150, кој може и 200 да оди до ноември, а замислете што не чека следните три месеци. Ако се очекува да нема рестрикции нема да преживееме – нагласи Пановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.