Зошто по сето тоа процентите на новозаразени сега растат?

Минатата година немаше забави и свадби во затворен простор, вели д-р Никола Пановски, микробиолог и поранешен директор на Фондот за здравство.

Деновиве медиумите пренесоа изјава на лице од Комисијата за заразни болести, со став дека во Комисијата сметале оти не требало да се доволи такво нешто. Зошто не реагирале веднаш? Јас да сум во Комисијата ќе се спротивставам, јавно ќе кажам. Да не беше таа изјава, немаше да знаеме дека Владата не ги послушала нивните препораки да не се дозволуваат свадби во затворени простории во текот на летото. За жал, вирусот со сите почести е пречекан од нашите власти, но и од неодговорноста на граѓаните. Немаше ни контрола на границите за граѓани кои доаѓаат од земји со висока трансмисија на Делта сојот. Немаше ни реципроцитет во мерките. Ние за патување во Грција и Бугарија требаше да се тестираме, а не и тие за влез кај нас, во време кога во Грција имаше и по 5.000 регистрирани случаи на ден, укажува д-р Пановски.

извор Дојче веле

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.