Секогаш кога е потребно да се направи дефокус на македонската јавност, од реалните проблеми, власта е склона на такви ситуации. Спасовски наместо да гони криминал, тој ги менува униформите и пушта пријави против земјоделци кои протестираат, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова во „Само вистина“ на Канал 5 коментирајќи ја двојазичноста на полициските униформи.

Ја сменија и таблата на болницата, но подобри услови и помала смртност во истата не гледаме дека има. Дали е подобрен животот на Албанците во Македонија не гледаме. Ги имаме истите проблеми, и кај нив е присутна немаштијата и сиромаштијата. Ова не носи подобар живот за граѓаните. И Македонците и Албанците чекаа редици за бензин, рече Панова.
Во во однос на резултатите од пописот Панова истакна дека ВМРО-ДПМНЕ дебатираше дека ќе постојат одредени аспекти кои треба подетално да се разгледаат и преспитаат во врска со самиот Закон за попис, но тогаш бевме обвинувани дека сме деструктивни и не сакаме попис, но сега ги гледаме сомнежите во јавноста.

Зошто толку долго трае процесот на обработка на податоците? И самата недоверба која се има во институциите само потврдува дека можеби резултатите од пописот ќе бидат дискутабилни. Податоците се мерливи и ќе се утврди нивната веростојност. Ние одиме на избори, одиме од врата на врата, ја гледаме состојбата со раселеноста. Доколку има очигледни отстапки од ралната состојба ќе има и реакции, рече Панова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.