Неверојатна „вистина“ што ексклузивно ја дознава невладината Цивил медија на активистот Џабир Дерала, потпишан на веста, директно од вилата „Водно“ и од лидерската средба. Дерала, кому не му е првпат да пласира лажни вести во корист на СДСМ и Зоран Заев, ја искористи паузата меѓу првиот и вториот дел од лидерската да пристави поени на контото на испаничениот Зоран Заев, кој со последни сили се обидува да се задржи на нозе по неуспехот во Брисел.

„Цивил“ на Дерала и медиумите финансирани од Сорос и УСАИД се обидуваа да предизвикаат тензии во Теарце на изборите во 2016 година објавувајќи лажна информација за наводно апсење на поткупувач, која кратко потоа беше демантирана од портпаролот на СВР Тетово, кој потврди дека се работи за лажна пријава без елементи за кривичен прогон

Цивил медија дознава дека наводно „претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, му изразил признание за успесите во Брисел, како и за храброста и одговорноста на премиерот за неговата одлука да понуди предвремени избори“.

Мицкоски не кажал ни збор за тоа дека реформите не се спроведени, ниту било каква критика, туку имал само пофални зборови и признанија како реакција на излагањето на Зоран Заев, пишува Дерала на Цивил медија.

Претходно, Република објави дека на средбата Мицкоски единствено побарал Македонија да реагира на декларацијата на Бугарија за бришење на македонскиот јазик и неспоменување на бугарскиот фашистички окупатор, а начелно сите лидери прифатиле.

На прес-конференцијата на паузата ниту претседателот Пендаровски не спомна дека Заев реферирал, а Мицкоски му ракоплескал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.