Ако човек се обиде да се сети што тоа направила Шеќеринска за Македонија во своето 30 годишно политичко делување, покрај чизмите и гумите секако на прво место ни доаѓа ,,Бонбона бизнисот” со кој таа и СДС го продадоа ЕСМ на австриската приватна компанија ЕВН, за нешто повеќе од 100 милиони евра во 2006 година. И тогаш беше познато дека ЕСМ има побарување за наплата од граѓани и фирми исто околу 100 милиони. За наплата на такви долгови по светот постојат компании кој во зависност од тежината на наплатата го превземаат долгот, нормално со голем % остаток за нив. Во Македонија луѓе блиски со власта исто нудат наплата на долгови на компании кој не можат своите усуги да си ги наплатат од општини, министерства, агенции или институции.
Па така 13 години подоцна Заев, Шеќеринска и СДС на добар пат се кон уште еден ,,Бонбона бизнис” со австриската ЕВН. Решиле 110 милиони народни пари да испумпаат од буџетот и директно да вбризгаат во странска директна компанија. Чиста работа! Остаток % за нив, ситница. Се во име на народот! Кум на зделкава кој ќе биде како експерт за струја? Еве јас не знам, но нека се распрашаат новинарите колку пари или % би понудила приватна компанија за наплата на долг постар од 13 години, а е над 100 милиони евра!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.