Терористите од Диво насеље, ги нападнале министрите „терористи“ од ВМРО, по што Миле со тешки повреди и скршеници е префрлен во болница, а Спире е со пукната аркада. Заев од ден во ден докажува дека Македонија е под фашистичка власт и дилема веќе не постои дека покрај целиот политички прогон, малтретирања по судови за секакви обвиненија (вклучувајќи и ФБ статуси), притвори и тешки тортури кој како во случајов завршуваат со тешки телесни повреди, прашање на време е кога ќе почнат физички да не ликвидираат! Со каков диктатор си имаме работа, јас години наназад зборувам и предупредувам. Искрено се надевам дека нема да биде предоцна и останатите да ги отворите очите!!!

И да, секако дека сите ние сонуваме за денот кога ќе му покажеме на Заев дека сме ги научиле лекциите од Прибе како се спроведува „помирување“ пред избори по ЕУ и НАТО стандарди, но за тоа браќа и сестри мој ни се потребни парламентарни избори! – напиша аналитичарот Александар Пандов откако денеска во истражното одделение во затворот Скопје беа претепани Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, поранешни министри во владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.