Политичкиот аналитичар Александар Пандов реагира на изјавата на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, дека на трибината „Прав пат“ на СДСМ присуствувал како градоначалник, за да ја слушна конкуренцијата.

Неколку години имам работено во обожувалница. Меѓудругото таму луѓето често знаеа да кажат: Не го колнела мајката синот кога отишол да се клади, го колнела кога отишол да се вади!

 

Така и нашиот Мите Лимунада тргнал да се вади. Партиската изборна кампања на СДСМ ја нарекува граѓанска! Како не му е јасно дека со кажаново самиот се прави будала, не нè прави нас!, пишува Пандов.

Тој додава дека за него лично ова е неморално.

Но, од друга страна не гледам ништо спорно ако градоначалник избран со помош на гласовите од една во текот на својот мандат помине во друга партија. Меѓутоа ако Мите донел таква одлука, треба машки да излезе и да ја обзнани, а не вака да седи на две столчиња, при очи да го лаже народот и да се глупира, порача Пандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.