Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО, Александар Пандов упати отворена покана до сите членови, поддржувачи и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ да дојдат на презентација на идните чекори и цели на делување на новоформираниот институт.

Првата средба е закажана за вечерва во 18 часот во салата на општина Кисела Вода и во 20:30 часот во партиските простории на ОК Аеродром.

Секако дека ќе поразговараме и за актуелната политичка состојба во Република Македонија!, пишува Пандов во објавата на фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.