Каква и да биде одлуката во СДСМ јас мислам дека нема да си замине Зоран Заев и тој да остане до изборите кога и да бидат следната година. Ќе се наоѓаат најразлични начини поднесена оставка, не се прифаќа и слично, рече Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија канал 5 во емисијата Само вистина.

Мене вели Пандов, и не ми е гајле дали ќе остане Заев за лидер на СДСМ, но многу се грижам за тоа кој ќе ја води Македонија.

Состојбата е крајно лоша во сите области. Оттука опцијата е многу јасна, брзи предвремени парламентарни избори – рече Пандов.

Според Пандов, Заев и да си замине од позицијата ќе си стави свој пион.

Заев за да ја предаде власта во СДСМ мора да најде свој пион, некој кој ќе ги спроведува неговите политики. Ако Заев го предаде владеењето тоа може да биде само на тој начин преку негови луѓе – кажа Пандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.