Аналитчарот Александар Пандов смета дека додека патриотите се во затвор и ја плаќаат казната затоа што ја сакаат Македонија, учесниците во Шарената револуција уживаат дома откако претходно ги изгласаа уставните измени со кои Македонија стана Република Северна Македонија.

„Предавници, додека Вие облечени во пижами и папучи, опуштено во своите домови го пиете топлото утринско неделно кафе или чај, треба да знаете дека Патриотите лежат со јакни и капи на главите, покриени со кебиња на температура во нивните келии од 12-13 степени. Тие ја плаќаат казната што беа за Македонија, Вие си уживате затоа што ја направивте татковината северна. Вашите нови шарени „браќа”, на времето кога беа опозиција, ова го нарекуваа: #НемаПравдаНемаМир“ напиша Пандов на фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.