Александар Пандов на социјалните мережи го коментираше денешното сведочење на Нинџа.

На ,,професионалниот сведок“ Нинџа, денешниот исказ за настаните од 27-ми Април, му е 6-ти по ред. Како Вилма Рускоска притвара одредена група патриоти, така се појавува Нинџа како сведок. Благодарение на неговите претходни сведочења како соработник на обвинителството тој доби 8 години, а уставобранителите добија по 12, 15 и 18 години робија.

Денес на тапет на Вилма и Заев се експретседателот на Собранието Трајко вељановски, бившиот директор на УБК Владимир Атанасовски и поранешните министри Спире Ристовски и Миле Јанакиески. Повторно сведок соработник Нинџа, па тој започнува: „ Пред парламентарните  избори во декември 2016 година, пред Собранието имаше протести, зборува за т.н. Тиранска платформа, двојазичност…Александар Пандов, професорката Ачковска, Братислав Димитров, Никола Србов, Тони Михајловски, Неделковски, Мирка“.

Целата реченица е тотално неточна. Прво луѓето кои ги набројува функционираа во граѓанско движење познато како ГДОМ, но нашето функционирање и говорење по трибини низ Македонија и во Скопје е во периодот од февруари – јуни 2015 година, каде говоревме за инволвираноста на Заев и Верушевски во телефонските разговори коишто се појавија, а воедно и политичката позадина на целата таа монтировка за носење насилно на власт на СДС и Заев, со цел промена на уставното име на Република Македонија. Тиранската платформа не постоеше, па не знам како сме можеле да ја коментираме. Конечно ќе потенцирам дека и трибините ни беа во културни домови и спортски сали, а не пред Собрание. Точно е дека како ГДОМ го подржавме најголемиот воопшто одржан семакедонски собир кој беше пред Собрание и на него како претставник на ГДОМ говореше само професорката Виолета Ачковска, но и тој да потсетам беше на 18.05.2015 година, а не пред изборите во декември 2016 година. Се ова е барем лесно проверливо и за Рускоска, а и за судијата. Така што Нинџа лаже суши за ова, а и за се останато и зборува што му кажале Вилма и Заев да зборува!

Сето ова е огромен срам за Македонија и македонското судство. Кога дојде ред од исказ на Нинџа да можеш да јадеш робија, тогаш тури му кур и на право и на правдина. Туку прво нешто што треба да направи новата Влада на ВМРО е да ги исправи сите неправди направени врз македонските патриоти, кои неправедно ради нинџи лежат по македонските зандани!, напиша Пандов.

На ,,професионалниот сведок“ Нинџа, денешниот исказ за настаните од 27-ми Април, му е 6-ти по ред. Како Вилма Рускоска…

Posted by Александар Пандов on Tuesday, June 9, 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.