„Секој нормален човек гледа дека паролата „Нема правда, нема мир“ била гола флоскула. Вчера или завчера, кога им беше петгодишнината од Шарена револуција, колку само скрнавења на градот Скопје па дури и цекаде низ Македонија имаше по институции, па дури ја запалија и канцеларијата да потсетам на претседателот на државата. Се кажуваа лаги од типот убиен бил од власта и злоупотреба Никола Младенов, петте момчиња – Смилковско езеро, тоа се морбидни работи, тука е и за Мартин Нешкоски. Да се присетиме дека сопругата на покојниот Никола Младенов замоли Заев да престане и да не го злоупотребува веќе неговото име за тоа што нема врска од тоа што го говореше “,истакна Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ при своеото гостување во емисијата „Само вистина“.

Пандов додаде дека со право родителите на децата што беа убиени на Смилковско езеро се бунат. Заев лажеше дека има докази за свирепото убиство.

„А, при тоа што направија? Направија еден монтиран политички процес, за учесниците од 27-ми април. Луѓето политички ги осудија, ги осудија за тероризам. Нас ова што денес ни се случува во Република Македонија е крах на правниот систем на државата. За тоа што ние имаме генерелаен секретар кој што од Мексико ни порачува дека нема никаква вина, тоа плус што сам на себе си продавал софтвер, непотребен за Република Македонија. Тој човек, вчера видовме дека вози автомобил од 75.000 евра во основна веразија. А, денес читам дека околу 100.000 евра платил во Побожје на Скопска Црна Гора не знам колку метри квадратни плац. Поднел барање на синовите, на децата 800 метри квадратни за хациенда да си гради“, нагласи Пандов.

Пандов посочи дека додека ова се случува во државата, уставобранителите лежат во затвор четири години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.