„Списокот за хонорарци во Влада не е цел список даден, неколку имиња фалат. Зошто? Можеби поради нивната звучност на имињата. Меѓутоа претседателот на СДММ да е ставен на паушал односно на хонорар и ние тројца да го плаќаме тука е срамота“,истакна Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ при своеото гостување во емисијата „Само вистина“.

Пандов додаде зарем не е срамота син на Самка Ибраимоски да е дел од хонорарците во Влада.

„Најдиректно чепкале пари од Буџетот на Република Македонија, преку скриени хонорари. Син, сестра, брат на пратеници, на директори па дури и претседателот на нивната младинска организација им е на паушал ставен. Што повеќе од ова да се говори“, запраша Пандов.

Пандов посочи дека единствена обврска на овие луѓе кои се на листа на хонорари им е да пишуваат статуси и да ја плукаат опозицијата.

„Која е на Петрит Сарачини улогата? Па, да го плука ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. И мене вечерва ќе ме плукаат по социјалните мрежи. Тие се ботови, и тие земаат огромни суми на пари“, рече Пандов.

Пандов укажа дека има и еден лик кој што добива награда 100.000 денари на МОЈДДВ и е на список да зема хонорар од Влада. Тоа не е случајно. Народот нафта не пие.

„Дури и секретарка на Генерален секретар е на платен список. Зема плата за секретарка и плус е ставена на паушал. Зошто“, запраша Пандов.

Пандов додаде дека ова е тотален неморал, криминал и корупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.