Последните неколку месеци и денови од владеењето на секоја тоталитарна власт се најопасни за народот. Свесни дека се топи маразот под нивните нозе хунтата станува се поагресивна и насилна. Заев и неговите гавази не оставија човек околу мене кој не е затворен, по судови со обвинение или под постојани закани за негово апсење – пишува Александар во неговиот последен статус на Фејсбук.

Понатаму тој пишува:

После апсењето на патриотите за 27 април , обвиненијата за ”вербален деликт” премиерно започнаа со Тони Михајловски за ФБ статус, за што по судови е и Миленко Неделковски, а вчера на ”информативен разговор” била повикана и професорката Тања Каракамишева, нормално со исто обвинение за ”вербален деликт”. На ”информативен” и со полиција пред домот се и професорот Игор Јанев и амбасадорот Ристо Никовски. Бобан Нонковиќ со месеци не може да дојде од Брисел во Македонија затоа што ”европејциве” му претат дека ќе биде уапсен на самиот аеродром во Скопје! Истото важи за Џејсон Мико и Алдо Климан.

Капак на се синоќа видовме и слушнавме дека го тепале Јане Ченто во Шутка, додека Горан Ангелов и Игор Југ без везе ги држат притворени еве веќе 15 месеци, во ”Мексикански” келии.

СЈО не остави човек од ВМРО без обвинение!

Целта е јасна, да се скрши секој кој ќе се обиде да крене глас или напише нешто против Заев и оваа фашистичка инсталација, а во народот да се втера страв за да седи мирен да не го снајде и него исто.
Меѓутоа за среќа како што ни до сега моите сестри и браќа не беа скршени и не подклекнаа, ве уверувам дека како нив, така и сите нас останати не правите уште посилни и уверени дека на пролет заедно со Македонскиот народ и сите слободоумни граѓани во Македонија, ставиме крај на оваа марионетска и одродена хунта

#СлободаИлиСмрт

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.