Веста дека Оливер спасовски ги враќа на работа во МВР свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски силно одекна во јавноста.
Аналитичарот Александар Пандов прашува какова порака испраќа власта и Оливер Спасовски со одлуката кртовите да се вратат на работа, и, пртпоставува Пандов, да бидат унапредени.
Веројатно не постои земја во светот, која во својот безбедносен систем нема пронајдено кртови. По правило кога ги откриваат тие завршуваат со долгогодишни затворски казни, во бегство со политички азил (Асанж, Сноуден), а во одреден број на држави нивното законодавство за ваквите предвидува смртна казна! Македонија е единствена во светот, која своите ”свиркачите” Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски, кои патем речено по втор пат го прислушуваат македонски премиер и државниот врв, првиот пат беше 2000-2001 за соборување на Љубчо Горгиевски со аферата ”Големото уво”, а и во двата случаи по барање на Верушевски, читам ќе бидат вратени на работа во МВР, а сигурен сум и унапредени. Каков пример испраќа Оливер Спасовски на останатите вработени, прислушувајте, тргувајте со прислушнуваните матријали и за тоа ќе бидете наградени?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.