Александар Пандов со статус на Фејсбук ѝ се обраќа на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која денеска по погребот на мајка си во Гевгелија, ќе биде вратена во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Јанева од синоќа е во 30-дневен притовор на барање на јавниот обвинител Јовески и обвинителката за органзиран криминал Вилма Рускоска.

Катице пред се да ти изразам сочуство за мајка ти. Другар ми Даште вика лошото никогаш само не доаѓа. И двајцата имаме по доволен број на години да животот ни го потврдил тоа. Ќе помине и денешниот ден, погребот на мајка ти во Гевгелија и ќе имаш доволно време во Шутка да се одмориш и смириш мисла. Сега си во шок, бунило, грч во цело тело, не знаеш каде си. Знам, знам ама не се сеќирај, за неколку дена ќе ти помине и ќе сфатиш дека животот оди понатака и дека секој божји ден е борба. Ти си сега на дното, од Шутка нема подоле. Да си осудена и преместена во некој затвор веќе си неколку скали погоре. Зборот ми е од овој општествен статус неможеш подоле, а ако си паметна и ме слушаш, можеби не за многу кратко време, но за догледно тој можеш да го смениш на многу бољи. Слушај ме сега:

Прво одма смени го Павлевски. Веќе ти пишав кое е моето мислење за него, но имаше можност да ги видиш реакциите и на останатите. Поради неговата поврзаност со СДС не сум сигурен дека е со тебе да те брани или нив да ги штити. Да не им правам тука реклама, ама во инбокс ќе ти пишам неколку имиња на адвокати, за кои те молам размисли. Стеван батали го, повеќе штета ти прави од колку ќар, а адвокатот е многу важен во оваа ситуација.

Второ и најважно. Верувам дека и самата ја прочита изјавата на Јовевски, но јас инсистирам повторно да ја прочиташ: “Нема индиции дека парите стигнале кај домашни и странски политичари”!!! А Кате за твоја среќа не само јас и ти, туку и сите во Македонија, а и надвор од неа знаат дека ти си била само алка од синџирот на оваа мафијашко-рекетарска банда, а дека главата или ако сакаш главите завршуваат во владата и раководството на СДС. Сакам да кажам, сите знаеме дека парите стигнале кај политичарите, само Јовевски и Рускоска не знаат! Колку и тебе да ти изгледа чудно, но верувај ми токму Заев и СДС ти се тебе џелатите и луѓе кои сега се би направиле да те замолчат и повеќе да не видиш бел ден. Ова ти го потенцирам и памти ми го зборот, нападот кон нив е твојата најдобра одбрана.

П.С. Ако имаш цимерка во келијата немој ништо да збориш со неа за рекет или било што друго, 99% е полициски крт. Внимавај што јадеш да не те трујат. Обавезно излегувај на прошетка немој да се затвараш. Читај книги.
#НеСеСекирајЗаНиштоСеЌеБидеОК

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.