Аналитичарот Алексанадр Пандов и посвети статус на Катица Јанева каде и порачува дека е време за напад со сите нејзини орудија како можен нејзин спас. Тој во својот статус пишува дека таа и Боки 13 ќе бидат жртвено јагне на власта, бидејки и на неа како и на Бојан Јовановски утре ќе и биде соопштено дека истрагата е завршена. Според Пандов обвинението и пресудата веќе ги имаат напишано Шеќеринска и Заев, заклучува тој.

Катице, не знам дали се сеќаваш, ама едно време во твоја чест, секој ден во 18ч пред СЈО, доаѓаа да те бранат Никола Димитров, Бургија, Ордановски, Боки Тредичи, Фрчковски и кои се не, облечени со црни маички со твојот лик или со натпис СЈО, на кои се препознава твојата контура и на твоите ,,ангелчиња” Фатиме и Ленче? Морам да ти признам, тогаш за неарни ги сметав шарените кога ти се дереа под прозор #ТикТакТикТак, а тие погрлатите како Боки Бургија, па доста често знаа да ја викнат и #БудимпештаНеТиБегаНикола. Кога види ти сега, овие за се друго промашија, али за ова човек мора да им признае дека погодија сто!

Като вчера го гледам Јовевски и се жали на Жане Лупевска дека платата му била 5 х помала од твојата, но и повторно тврди дека политичари во аферата Рекет нема замешано! Со обвинителски јазик погоре кажаново не знам што значи, но во политички речник ова значи дека и тебе утре, како и Боки денес ќе те однесат кај Рускоска врзана со лисици, како говедо на колење, чисто да те понижи пред камери и да ти покаже која е Шефица во обвинителсто, воедно да те информира дека истрагата е завршена, а обвинението и пресудата веќе ви ги имаат напишано Шеќеринска и Заев. Или да бидам попрецизен, ова во пракса значи дека ти и Боки ќе го јадете за сите пари или еве милиони, а сите знаеме дека и многу други политичари од СДС, новинари од 1 ТВ и итн, се мрселе од овие пари.

Кате единствената можна твоја одбрана во мометов е напад и тоа напад од сите орудија и муниција која ја поседуваш. Верувам прочита дека и Верушевски веќе се оградува од ,,бомбите” и тврди дека Заев на секаков начин ги модифицирал и компромитирал, поточно истото што јас и таквите како мене го тврдиме од самиот почеток, дека ,,бомбите” беа сечени, лепени и монтирани за СДС да дојде на власт. Така да на крајот сите невини, само ти и Боки црни овци. Ти можеш и понатаму да си кротка и да си молчиш, меѓутоа знаеш како викаат во Македонија: ,,Кроткото јагне од два к.ра цица”! Знам, знам дека си во гужва пред утрешниот ден, се фарбаш и не знаеш главата каде ти е, но уште ова да те замолам, ако ме мислиш, тогаш утре како знак на распознавање те молам стави очила за сонце, стои во статусот на Пандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.