Катастрофата што се случи во Бугарија говори за тоа колку има уназадување во Македонија, колку не важат правните норми. Се случи Ласкарци и никој не одговараше до сега. Еве сега повторно се случува катастрофа во соседна Бугарија, рече Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.

Да функционираше системот се ќе беше поинаку. Немаше вакви автобуси да се движат нниту во државава, уште помалку надвор. Потоа нема одговорност ниту за горењето на модуларната болница во Тетово. Ова се недозволиви работи. Ова говори колку е корумпиран системот. Во време на ВМРО-ДПМНЕ бевме по корупција на листата на Транспаренси бевме на 61 место сега сме на 111 место, ова ранграње го прават други не се прави во Македонија – рече Пандов.

И на крај, додаде тој, сето ова е резултат на првиот човек на владата, Зоран Заев, кој дојде како аболициран криминалец за 8 милиони криминал.

И нормално е тој човек да има таква екипа- кажа Пандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.