Што се не направија во минатите неколку години Заев и СДС во Република Македонија. Се изгласа неуставното СЈО, се потпишуваа и спроведоа Тиранска платформа, Бугарскиот и договорот од Нивици, ни сменија име, историја и идентитет, не испоштуваа одлука на Референдум, се газат законите на секој чекор, Стево од ,,рука“ си прогласува Вонредна состојба по втор пат, уставните ни судии со прст не мрднаа – напиша на Фејсбук, Александар Пандов.

Понатаму тој пишува:

Е, арно ама дојде ред СДС и Заев да брцнат со рачето и во нивниот џеб. Тогаш за нив нема ни корона ни бутур, по кратка постапка се состануваат и експресно носат пресуда, дека таквата одлука е неуставна! ,,Браво мајстори“ 👏

За вас и таквите како вас, нема круг во ,,Пеколот“ на Данте, во кој што човек би можел да ве смести. Едноставно не постои такво дно 👎🏿. За вас Катица е мало бебе. Ко сите од ред Заев да ве ,,правел“. Меѓу првите работи што новата власт на ВМРО треба да ги направи е да ве смени вас и на ваше место да постави луѓе кои се пред се експерти за уставно право и над се луѓе со чест, морал и достоинство. Луѓе кои пред се ќе им биде уставот и законите на Република Македонија, а не само и само личниот интерес!

#НемаПравдаНемаМир

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.