Додека Заев си пијуцка коктели седнат во топло џакузи со одличен поглед на Алпи, а Артан си лета орли по Скопје, нивните сатрапи решија да удрат по џебот на најсиромашните: пензионерите, стечајците, хонорарците и социјалците, реагира Александар Пандов, по денешните протести на македонските пазари.

Токму на овие категории хунтава им забранува да работат на пазарите, а останатите пошто биле во голем кеш, преку нови лиценци им ги зголемува давачките и додава нови. Многу е жално кога ги гледаш пазарџиите кои измачени и премрзнати стојат пред собранието и молат за помош и разбирање од одродени и корумпирани политичари. Секоја хунта по дефиниција е ненародна, но ваков шљам како овој „нашиов” нема, реагира Пандов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.