Вицепремиерот Бујар Османи вечерва информира дека претседателот на Собранието Талат Џафери го потпишал Законот за јазиците и го испратил во Службен весник, со што Република Македонија и официјално станува двојазична држава.

Политичкиот аналитичар Александар Пандов коментира: „Додека Заев е на скијање и си го прчи по спа-центри, Османи нè информира дека Таљат го испратил Законот во Службен весник и од вечерва, најдоцна утре, Македонија и официјално е двојазична. Македонскиот народ во сопствената држава е доведен во ситуација на потчинетост. Народот убаво кажал: “Тоа што една будала може да растури за 1 година, ни сто паметни за 10 години не можат да состават“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.