Во ситуација кога двајца високи државни функционери се фатени со спуштени гаќи и фатени живи како рекетираат во здравство, нашето Обвинителство наместо да ги прибере и да им стави лисици на раце, тоа се занимава со новинарите кои ги откриваат нивните криминалии – посочува на својот Фејсбук профил, Александар Пандов.

Понатаму тој пишува:

Да се потсетиме, Ден Дончев и Венко Филипче тргувале со моќ и влијание и своите функции ги злоупотребиле за изнудување, поточно рекетирање пари. Имено двајцава откако прво ја одвраќаат шведската компанија ,,Диаверум” да инвестираат во македонската ,,Диамед”, на која патем речено до тогаш Фондот за здравство и ги исплаќале фактурите со задоцнување од три месеци, од позиција на сила и моќ кои им ги даваат функциите, изнудуваат месечен рекет од 60.000 еура кои биле носени (овој пат не се во торбици Луј Витон) во Струмица и види чудо, не само што веднаш биле исплатени неколкуте месеци за кои доцнел Фондот, туку наредните биле исплаќани на 1-ви во месецот, а некогаш и неколку дена пред први! Девет месеци подоцна, кога и покрај писмата од рекетариве со закани да не влегуваат во Македонија, Швеѓаниве сепак ја купуваат ,,Диамед”, наредниот ден сопственичката добива кривична пријава и поважното и ги блокираат парите кои ги добива од продажбата.

Дека во Рекет 2 се работи за иста шема како и во Рекет 1, е и името на Зоки Кичеец, за кога вчера разбравме дека е исто обвинет заедно со Филипче и Дончев. Кичевскиов, во име на директорот и министеров, бара половина од парите ако сакаат да им бидат ослободени. Тргнете од тоа дека ликов на неколку состаноци меѓу Дончев и сопственикот на ,,Диамед” бил присутен, па еве прашувам во кое својство? Друго е што за него на прес конференција која ја одржа Дончев лажеше и се правеше будала, исто како Ременска и Кирацовски за Боки Тредичи, и тврдеше дека го познавал Кичеец од телевизија!

Новинарот Александар Митовски доби кривична од Заев затоа што изнел делови од исказот на Орце во Обвинителство и со тоа ја попречувал истрагата. Еве од свиркач дознав дека Ден Дончев наредил да бидат избришани снимките од надзорните камери во Фондот за да не се види колку често дружел со Кичеец, па да прашам тоа попречување ли е на истрагата? Им претел на вработени дека ќе бидат избркани од работа ако проговорат, тоа влијание ли е врз сведоците? Познавајќи му ја жедта за лесна пара сигурен сум дека и други компании на истиов начин се рекетирани, што ќе рече го повторува делото! А тврдам дека ако почувствува дека ќе биде осуден за овие криминали со првиот авион ќе кидне во Австралија, а ова и нема да му биде прв пат. Конечно Рускоска што ќе правите, ќе превземете ли мерки против ликов или ќе го оставите и понатаму да ја пљачка здравствената и фармацевтска фела во Македонија, да влијае врз сведоците, а ќе бега гарант?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.