Аналитичарот Александар Пандов ја коментира одлуката на Врходниот суд дека СЈО не може да поднесува обвиненија по истекот на рокот од 18 месеци.

Со последната одлука на Врховниот суд се официјализира „невиноста“ на ДУИ за нивното 15-годишно владеење со Македонија. Ни потрошени 15 милиони евра народни пари, ни сите бомби и ракети не беа доволни СЈО и Катица да пронајдат било каков криминал во кој бил вмешан функционер на ДУИ! И тоа што најдоа било бајато. Невладиниот и граѓански сектор во Македонија кој со месеци го фарбаше и кршеше центарот на градот, врескајќи „Че си лежите“ после констатацијава ги нема да зуцнат. Добри им се чинат сега, братски сркаат чорбички за пеевче во влада. Бандо корумпирана тендерашка, помалку од три месеци ве делат од соочување со народот на кое ќе ви се деси „консезуална катастрофа“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.