Боки 13 го познавам од медиуми. И пред аферата Рекет за него како лик имав изградено исклучително ниско мислење, па некако сосема природно ми изгледаше неговото интензивно дружење со Шарените, а подоцна и со комплет партиски врв на СДС, лонче и капаче ви текнува? Луѓе кои лично го познаваат никогаш не спореле за него дека бил преварант, ваков и онаков, но секогаш потенцирале дека не е глуп и дека храброста не му недостасувала!- напиша на својот Фејсбук профил, Александар Пандов.

Понатаму тој пишува:

Судењето за Рекет е почнато и на секого му е јасно дека заевава Хунта со помош на Рускоска и судијката Васка Николовска – Масевска се обидуваат Боки Тредичи да го седнат на врвот од пирамидата, крунисувајќи го за крал на Рекетот во Македонија, сето тоа проследено со пригодна казна што следува за таква титула, од над 10 години затворска робија. Ова нам ни е јасно, но за цела среќа му станало јасно и на Боки, па од Вечер и Инфомакс дознаваме дека на неговото последно сведочење, кое траело два дена и е на 30-тина страници, детално појаснил кој е сепак кралот, а која е кралицата на Рекетот во Македонија.

Новинарот Бранко Геровски, мајсторски, во свој стил, во неговата последна колумна ,,Кои се петте луѓе блиски на Заев што ја менаџирале аферата „Рекет“ од втор план и дали некој од нив знае каде се парите?“ хируршки прецизно ги посочува ликовите кои се креатори и организатори на изнудувањето пари од бизнисмени во Македонија:
,,Тоа се блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ (Радмила Шеќеринска), многу близок советник на Заев од една странска земја (Башке – Зоран Башановиќ), познат интелектуалец (Љубомир Фрчковски) и познат лик од 1ТВ (Сашо Ордановски) кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, и многу близок човек на Зоран Заев (брат му Вице Заев), кој ги менаџира и ги контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава. Конечно, останува отворено прашањето дали целата операција е водена со дозвола на Заев?“

Токму овие се ликовите кои ја убија секоја надеж дека во Македонија може да има правда и правдина. После се ова логично се поставува прашањето, што побогу уште чека Рускоска, зошто под итно не ги приведе овие арамии? Можат да влијаат врз сведоци, веројатно го повторуваат делото, а имаат и недвижности надвор од Македонија во кои можат да побегнат! Ако не таа, тогаш новиот Министер за внатрешни работи Наќе Чулев треба да ги ангажира сите расположливи луѓе во МВР, час поскоро да се расчисти со овие бандити и криминалци кои ја уништуваат желбата за живот во Македонија!- пишува Пандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.