Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов смета дека на уставобранителите од настаните на 27 април, кои се осудени на 8, 9 или 15 години треба да им се даде шанса како и на оние од случајот “Монструм” или како на Љубе Бошковски за повторно судење.

Мораме да ги вратиме граѓаните назад малку. На цел амбиент каков беше тој пред 27-ми април. После неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за формирање на влада, цело време се говореше дека ќе се формира влада за национално разнебитување. Имено, се појави Тиранкса платформа, ние знаевме дека Зоран Заев ќе прифати било какви предлози од грчката страна и дополнително се појави Бугарскиот договор кој е ултра штетен. Оттука сосем оправдани беа ти протести. И џабе не беа толку масовни. Тој кобен 27-ми април треба да се потсетиме дека се пееше албанската химна и дека на сила со две раце кренати на Петре Шилегов со 58 пратеника беше избран Талат Џафери. И сега на целата таа подгреана атмосфера во која ти гледаш дека ти се разнебитува твојата татковина, се најде најпаметен Крсто Муковски и ги отвори вратите. Тоа е како на лавови во кафез да им ги отвориш вратите. Еве и граѓани на САД упаднаа во Капитол Хил но не слушнавме дека тоа е тероризам. Перверзно е сега тој што ги отворил вратите да шета низ Македонија, а другите луѓе да бидат осудени на околу 200 години робија, истакна Пандов во „Неделен брифинг“ на Инфомакс.

Не е ова само македонска работа, рече тој, во затворот се и еден Хрват Игор Југ, Мумир Пепиќ кој е Бошњак има и Албанец, за кој пак Села сведочеше дека го бранел во Собранието.

Сето ова власта го направи за да го замолчат народот. Да влее страв, рече Пандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.