Заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот Метју Палмер во интервју за ТВ21 посочи дека земјите од Западен Балкан мораат да овозможат добро управување и траспарентност.

Јас мислам дека најважно на Балканот е управувањето. Земјите од Западен Балкан мораат да овозможат добро управување и транспарентност, владеење на правото, одговорност од страна на избраниците, исполнување на европските стандарди. Сето тоа ќе им го отвори патот кон Европа. Разговорите за картите, териториите и „нон-пејпери“ е само одвлекување на вниманието“, посочува Палмер.

На прашање на модераторот за тоа кој го прави тоа, Палмер вели дека не може да тврди дека знае.

Но можам да ги охрабрам сите да се фокусираат на важните работи, односно регионот да постигне мир со себе, со соседите и стабилно и цврсто да чекори кон Европа, порача Палмер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.