Специјалниот пратеник на САД за Балканот, Метју Палмер ќе има експресна посета на Македонија. Тoj во само еден час ќе има средба со државниот врв. Најпрво во министерството за одбрана ќе се сретне со Радмила Шекеринска каде според најавите ќе се разговара за евроатланската иднина на земјава и членството во НАТО.

Оттаму Палмер оди кај шефот на димоматијата Димитров, а посетата ќе ја заврши со средба со претседателот Пендаровски.

Од ниту една средба не се најавени изјави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.