Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Метју Палмер во интервју за „360 Степени“. зборува за неможноста на Европската унија да
постигне консензус за отворање преговори за членство со Македонија, можните последици од тоа во земјава и регионот, иднината на Преспанскиот договор, заедничките руско-српски воени вежби и најавата од Белград за набавка на руски ракетни системи, дијалогот Белград-Приштина.

За неуспехот на земјите-членки на ЕУ да постигнат концензус за почеток на преговори за членство и иднината на Преспанскиот договор е загрозен, Палмер не е песимист.

Да потенцирам што направи или не направи Европскиот совет. Не ѝ беше кажано „не“ на Северна Македонија, не беше одбиена да почне пристапни преговори туку, едноставно, не беше постигнат консензус. Она што земјите-членки на ЕУ го направија беше дека кажааа оти ова прашање ќе го разгледуваат во рамките на натамошна поширока дискусија за проширувањето со мисла за постигнување договор оваа пролет, можеби веќе во мај. Она што ние сакаме да го правиме е да работиме со нашите европски партнери за да ги охрабриме за позитивна одлука на Европскиот совет заради што е можно поскоро отворање преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, се надеваме дека веќе март би бил достижен рок. Не би сакал да зборувам за тоа дали ова е закана за Преспанскиот договор. Јас, ние сакаме да бидеме фокусирани на европската перспектива на С. Македонија и на што е можно побрзо отворање преговори за членство.

На прашањето за Преспанскиот договор и која е позицијата на САД, Палмер кажа дека САД силно го подржува Преспанскиот договор и тие сметаат дека неговата целосна имплементација ќе придонесе за мирот, сигурноста, стабилноста, дека ќа го поддржи просперитетот на Македонија, Грција, поширокиот регион.

Силно го поддржуваме Преспанскиот договор. Сметаме дека неговата целосна имплементација ќе придонесе за мирот, сигурноста, стабилноста, дека ќа го поддржи просперитетот на С. Македонија, Грција, поширокиот регион. Би сакале ова да се движи напред… Разбираме дека е во тек политичка кампања, дека политичарите ќе направат се што можат пред граѓаните. Стретешки гледано, сметаме дека сите инволвирани ќе ја разберат важноста на одржување силно партнерство меѓу С. Македонија и Грција и ќе соработуваме со нашите партнери во Скопје, без оглед кој ќе победи во изборниот процес, во поддршка на целите на САД и на европската иднина на С. Македонија, рече Палмер.


Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.