Матју Палмер, специјалниот пратеник на САД за западен Балкан, денеска по средбата со Зоран Заев во владата истакна дека разговараварале за состојбите во земјата и во регионот, како и за случувањата во Брисел. Тој додаде дека на разговорите станало збор и за усвојувањето на пристапниот протокол за членството во НАТО во САД, како и за ЕУ аспирациите на нашата земја.

Очекуваме Северна Македонија за кратко време да стане 30-та членка на Алијансата. Ја реафирмиравме поддршката од САД за интеграциите во ЕУ, тоа го пренесуваме и на нашите европски партнери“, рече Палмер.

Високиот дипломат на САД во одговор на новинарско прашање, кажа дека САД продолжуваат да го поддржува спроведувањето на Преспанскиот договор, кој, како што рече, е основа за мирот и стабилноста во целиот балкански регион. „Уверени сме дека тој ќе продолжи да се спроведува чекор по чекор“, рече Палмер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.