Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во Скопски ќе се сретне со специјалниот претставник на државниот секретар на САД за западен Балкан, Метју Палмер, кој ќе престојува во работна посета на Македонија.

Се очекува министерот Димитров и високиот претставник на Стејт департментот да дискутираат за севкупниот развој на билатерални односи меѓу Македонија и Соединетите држави, како и за поддршката од САД за евро-атлантските интеграции на земјата, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот.

Метју Палмер во интервју за Гласот на Америка на српски јазик  од почетокот на август порача дека очекуваат решение за истрагата за случајот „Рекет“ во кој е вмешана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.