Бодибилдерот Зоран Лазаревски – Паљото ги собра потребните потписи за претстојните локални избори, со што и официјално стана прв независен кандидат за градоначалник на Битола.

– За два дена од кога застанав пред шалтерите каде што се собираат потписи, собрани се повеќе потписи од потребните. Фала ви битолчани и битолчанки за потписите што ги дадовте за толку кратко време. И големо браво на вработените во Државната
изборна комисија, за ажурноста, професионалноста и за брзината. Многупати, и јас, и сите вие, си имате речено што можам јас сам да направам, ама да знаете дека никогаш не сте сами. Господ е секогаш со вас и со мене, и тој ќе ви пушти луге за се што ви треба – напиша Зоран Лазаревски на својот фејсбук-профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.