Пасошите кои ВМРО-ДПМНЕ ги објави се направени пред 2020 година, односно во 2019 година. Обидот Спасовски да го вмеша и Чулев во издавањето на пасоши и документи на мафијаши е очаен и смешен, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во прилог ги испраќаме сите пасоши и документи објавени од ВМРО-ДПМНЕ. Ниту еден не е од 2020 година! Пак статива Оливер! Како и да вртиш сучиш – лажеш! Жив си фатен како си врзан со мафијата! Фактот што се обидуваш да споделиш вина со друг, говори дека си до гуша во криминал и дека си целосно свесен за калта во која сам си се втурнал, истакнуваат од опозицијата.

Уште една две пресконференции и сам ќе се откриеш. Нема да има потреба од истраги, истакнуваат од таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.