Детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2, според анализите што денеска ги направи МАНУ, на брисот од пацинетот кој пред неколку дена се вратил од Занзибар, информираат од Министерството за здравство.

Дополнуваат дека во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пацинет, кој, исто така, патувал за Занзибар. Тој е ковид позитивен и исто така е хоспитализиран.

Брачниот пар од Битола пројавил симптоми на коронавирус два дена пред враќањето од Занзибар. 65-годишниот битолчанец со послаби симтоми на вирусот и со бубрежни оштетувања од понеделникот е хоспитализиран во струшката болница за нефрологија, а неговата сопруга, која има потешка слика на болеста е во стабилна состојба во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.