Пациентот кој синоќа беше тестиран на Инфективната клиника во Скопје нема коронавирус, информира Министерството за здравство.

Будно ја следиме состојбата и во континуитет постапуваме по препораките на Светската здравствена организација, а од денеска Министерството за здравство го подигна степенот на подготвеност на највисоко ниво. Се формира Кризен штаб во рамките на Министерството, а на сила стапија и нови зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирус се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.