Никола Таневски, сопругот на Сава Таневска поднесе икривична пријава против доктор Јусуф Јакупи од интерното одделение во Гостивар за лекарска грешка, обвинувајќи дека наместо пропишаната дијагноза – ангина пекторис, тој ја третирал неговата сопруга од промаја. 63-годишната Сава по преглед од двајца доктори за четири часа починала, објавува тв24.

Ми рекоа дека ќе се формира Лекарска комора и од Министерство за здравство ќе бидам повикан да ме конслултираат и мене, да го кажам и моето видување, вели Таневски.

Тој денеска беше примен и од страна на министерот Венко Филипче.

Од Лекарската комора нема реакција за случајот, ниту кога ќе биде формирана комисијата. Комисијата која допрва ќе треба да се формира ќе треба да даде одговори дали постои лекарска грешка во лекувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.