Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани кои синоќа побараа лекарска помош поради вдишување на чад, како последица од пожарот се во добра здравствена состојба и сите се пуштени дома.

Пациентите синоќа беа задржани во болница неколку часа и примаа кислородна терапија. Во пожарот нема поврдени со изгореници, велат од Министерството за здравство.

Активни пожари има во Старо Нагоричане, Македонски Брод, Кумановско и Валандово, ама во моментов најстрашно е во Кочани, каде синоќа гореа и куќи, а небото беше црвено од огнот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.