Сакам да упатам порака до овие во Владата, до Зоран Заев, на памет да не ви паѓа да го продавате македонскиот идентитет. Ви ветувам заедно со овој народ овде ова „диво месо“ ќе биде прецизно хируршки отстрането, потоа не само за криминалот и за велепредавство ќе одговарате, јас ви ветувам кога тогаш ќе одговарате.
И четвртата работа до македонскиот народ и до македонската нација, до Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците, Еѓипјаните, до сите наши сограѓани, излезете браќа и сестри и помогнете и на Македонија. Имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет, да не дозволиме и од утре внимателно да ја блокираме Македонија секој нареден ден и да не дозволиме овие луѓе да ни ја продадат верата, нацијата и кожата, тие одамна си го продале својот ген на ѓаволот. Да ни е жива и здрава Македонија – заклучи лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест против продажбата на македонската историја од страна на македонскиот премиер, Зоран Заев.

Имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет!

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, 28 November 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.