Го читаш ова, и ако е вистина околу создавањето на првиот и останатите милиони на фамилијата, сфаќаш дека припадноста на работничката класа не е никаква гаранција за приврзаност кон левичарски идеи, социјална правда и прогресивност во сферата на човековите права, коментира професорката Билјана Ванковска за големото интервју во српски „Курир“ на премиерот Зоран Заев.

Од неговата диплома по економија, мајка ни се расплака – бидејќи овој сфатил дека сè е на распродажба, особено кога не е твое, и дека личниот профит е најважен. Меѓу редови има толку конзервативизам, толку патријархален дух, толку назадност што немам зборови… Од бисерите разбравме дека 30 септември е многу важен ден за него – ама и за нас! Годишнината нема никогаш да му ја заборавиме.
Она што не го кажа, се разбира, е дека практично ја поседува партијата затоа што само тој имаше пари да да извади од банкрот, а и дека е безимотен човек кој се’ што има како личен посед препишал на родители, деца, жена… И дека од лубеници стаса до ганџа!, порача Ванковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.