Бојан Јовановски-Боки 13 објави фотографии од првото рочиште за случајот „Рекет“. Тој вели:

„Овие слики ќе одбележат еден период од мојот живот за кој ќе зборувам описно и детално кога ќе дојде време. Многумина се радуваа кога ме видоа во оваква состојба, ликуваа, се потсмеваа, ме понижуваа, едноставно овие слики беа кулминација на малодушноста и злобата на поединците кој со сета сласт ги шеруваа и публикуваа овие слики со најгрозни коментари“.

Тој додава дека фотографиите се грозни, па објаснува:

„Но единствено би сакал да знаете дека еден ден пред да почне судењето кај омилените и инструирани судии Васка Николовска-Масевска и Софче Гаврилова-Ефремова и пред овие слики бев буквално исфрлен, како куче скитник, од болницата 8-ми септември, со недовршена инфузија и канила на раката, по налог на директорот на болницата (другар на Заев), под наредба и закана директно од Русковска, наредба да бидам испуштен од болница во катастрофална здравствена состојба на судиите и чинителите од власта ( кој мислат дека се богови на земјата). Токму оние судии кој по секоја цена мораа да ја извршат зададената задача, кршејќи ги сите законски норми и да ме осудат по секоја цена!!!.

Овие слики не се мој срам, овие слики се срам и товар кој погоре опишаните ќе си го носат додека се живи!!! Нека трепкаат овие слики и нека бидат синоним и приказ што значи вистинска тортура во 21 век!!! Денеска е Велики петок, најтажниот ден во христијанскиот свет, денот кога Исус бил мачен, камшикуван, осуден на смрт и распнат, последните негови зборови биле : “Господе, опрости им, оти не знаат што прават”, а јас како скромен верник и христијанин ќе кажам, Господе, само твојот суд е вистински и суди им по твоја воља. Содржината е авторски текст на Бојан Јовановски, објавено од администратор на профилот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.