Денешното присуство на пратеници позитивни на корона на собраниска седница предизвика револт кај јавноста. Додека пратениците кои заболени и заразни одењето во собрание го сметаат за херојство, стручната јавност смета дека тие направиле кривино дело. Коментира и професорката Билјана Ванковска:

Последен пат сум била вака гневна кога Заев спроведуваше “помирување” со противуставен закон и извади од затвор пратеници за да промени устав. Министерката за правда, професор по уставно право, остана нема.
Денес го направија незамисливото: сторија кривично дело и уште се фалат дека е тоа херојство. Министерон за правда горд.
Мене ми е чашата преполнета: или тие или ние! Трето нема! Овие не се опасни само за државата и демократијата, овие се опасни по животот на секој од нас. Следен чекор ќе биде отворена репресија и деспотија. Ако не се здружиме и не им го покажеме местото во сметот на историјата!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.