Oваа Влада е политички и кадровски истрошена, министри со скандали, кои не пласираат проекти и не може да го истера целиот мандат

Македонија 08.03.2021 / 20:31

Во денешното гостување во Телевизија 24 поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски истакна дека оваа Влада е политички и кадровски истрошена, министри со скандали, министри кои не пласираат проекти, па истата не може да го истера целиот мандат, по што Заев признал дека и е потребна на Македонија нова Влада.

Оваа Влада е политички и кадровски истрошена, има министри кои веќе не ги гледаме во јавноста, не пласираат политики, не пласираат проекти и програми, исто така има министри во Владата кои се полни со скандали, дали имаат НАТО сертификати, дали не им се спроведуваат политиките, не им поминуваат крупни проекти и наидуваат на силни реакции од јавноста, вели Димовски.

Димовски вели дека самиот Заев поради ова призна дека на Македонија и треба нова Влада, оваа Влада не може да го истера целиот мандат и оваа Влада не може да ги спроведе политиките коишто се неопходни.

Сме немале до сега влада со толку мало мнозинство во Собранието со 62 пратеници, сме немале мнозинство во Собранието со толку различни политички партии кое е толку сегментирано, кое е ужасно тешко да се одржува, а опозицијата и македонските партии и албанските партии прилично компактно и во кохабитација функционира и го поставуваат опозициското дејствување, а оваа Влада како уште еден факт многу лошо се справува со коронакризата, вакцините, бројот на смртност и заразеноста, а економската ситуација е се полоша, истакна Димовски.

Димовски посочи дека најавената нова влада дали ќе биде широка, техничка, со рекомпозиција на ова мнозинство, дали ќе биде Влада за национален спас, дали ќе биде експертска, доаѓаме со фактот дека Заев пратил сигнал дека на Македонија и е потребна нова влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.