На скандалозното интервју на Зоран Заев за бугарската БГНЕС реагира и правнуката на народниот херој Раде Јовчевски Корчагин, Кали Ковчевска.

Како внука на Раде Јовчевски- Корчагин, се чувствувам крајно револтирана од изјавите на оној што веќе подолг период работи систематски на негирање на постоењето на сЕ што е поврзано со Македонија и македонската историја.
Епа, оваа слика е убиството на мојот дедо кој е убиен од Бугарската “администрација”. Така, пријателски, додека е пукано од нивна страна во него, извикуваат: ” Еве ти ја слободата”.
Не се борел за Бугарија, туку против фашизмот, против бугарскиот фашизам.
Историјата не се менува- таа е дел од еден народ! А ова е нашата… тажна, болна… ама таа е, наша е и мора да ја чуваме!
Да живее Македонија! , порачува таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.