Оваа држава има министер кој во екот на граѓанското незадоволство и барање за промени, и кој редовно не се симнува од екраните, одговара погрешно на сите теми. Поточно, погрешен човек на погрешни теми.

Ја коментира книгата на човекот кој му избега, и како тој требало да пишува за криминалот што го сторил. Па тој напиша историја на криминалот, вие не го процесуиравте докрај.

Збори за мерцедесот кој популистички ќе го менуваа за амбуланти, тој за кој се наведува во медиуми дека е одговорен за набавка на партиски и државни коли од еден ист дилер на возила.
Дава поддршка за метлата тој што со премиерот не чувствуваше морален хазард за бегството на Груевски.

На ниво на итроманство, Зоки би требало да се загрижи од својот близок соработник кој се претставува како се посилен човек во јавноста.

Конечно, иде пред камери после полициска акција, и вика како немало да коментира пред камери акции, затоа што биле поразлични од претходниците. Па, што идете пред камери ако немате што да кажете за најактуелните случувања.

Инаку со камери кај Груевски кога чукавте на врата, тоа во ред беше.

Значи се е утка до утка, демек додека да одмори Зоки, вториот по команда да ни даде одговори, кои не се ни некакви одговори, само празни флоскули, демагогија и реторика.

Никогаш не објаснивте што се случи со иминетниот терористички напад за кој алармиравте во петок навечер, за неопходноста да се создаде паника, и после ништо повеќе да не се каже на темата.

Изгледа не се збори пред камери за такви работи.

Извор: Фејсбук статус/Ивор Мицковски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.