Излезноста на првиот круг од претседателските избори изнесува 28,89 отсто, соопштија од Државната изборна комисија. Претседателот на ДИК Оливер Дерковски на прес-конференција пред малку кажа дека од околу 75 отсто обработени гласачи места, до 15 часот излегле да гласаат 396.252 избирачи.

Најголема излезност, исто како и до 13 часот, има во Прилеп – 43,85%, a најмала во Липково – 9,75%.

Во Аеродром, излезноста е 35,45%, понатаму Арачиново 15,75%, Берово 34,75%, Битола 32,81%, Боговиње 12,12%, Бутел 29,24%, Велес 32,11%, Гевгелија 39,26%, Ѓорче Петров 33,3%, Делчево 37,69%, Долнени 16,75%, Илинден 29,18%, Кисела Вода 34,99%, Карпош 37,69%, Кавадарци 39,01%, Македонски Брод 42,22%, Охрид 36,77%, Ново Село 37,71% итн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.