Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41% во однос на одлуката од 12.09.2022 година.

Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 16.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95   84,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98   87,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   95,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  93,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС   51,473 (денари/килограм)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.